Ноќеска околу 01:30 часот во СВР Струмица е пријавено дека на влез во с.Секирник, струмичко, патничко возило „ренџ ровер“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 39-годишно лице, удрило во 47-годишниот Ѓ.К. од с.Секирник, струмичко.

Во несреќата од здобиените повреди, на местото на настанот починал пешакот, a лекар од Итна медицинска помош Струмица констатирал смрт.

Возачот на патничкото возило „ренџ ровер“ е лишен од слобода и задржан во СВР Струмица. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица.

Exit mobile version