Странските медиуми пишуваат за вчерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ

Илјадници поддржувачи на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ се собраа во центарот на главниот град на Македонија, Скопје и побараа предвремени паралемнтарни избори две години пред нивниот термин, вака странските медиуми го пренесуваат вчерашниот голем протест на ВМРО-ДПМНЕ.

Радио телевизија Србија информира дека огромен број граѓани поведени од ВМРО-ДПМНЕ синоќа протестираа во Скопје и побараа одржување на вонредни парламентарни избори.

 

Целта е да се победи и казни владеачката СДСМ, порача лидерот Христијан Мицкоски и најави дека борбата ќе продолжи секаде-во парламентот, на улиците, во градовите и селата, пренесува РТС.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека на протестот, кој го нарече величенствен собир се собрале неколку илјади луѓе за да си ја вратат слободата на Македонија и дека народот е на нозе бидејќи сака борбата да се избори за својата Македонија, пренесува Н1.

Илјадници поддржувачи на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ се собраа во центарот на главниот град на Македонија, Скопје и побараа предвремени паралемнтарни избори две години пред нивниот термин, објави abcnews.

И ВОА пренесе дека илјадници поддржувачи на опозициската ВМРО-ДПМНЕ излегоа во саботата навечер во центарот на главниот град Скопје и бараат предвремени избори.

 

19.06.2022 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега