Странците во Унгарија ќе го плаќаат горивото 60 отсто поскапо

 

Во моментов Унгарија има најниски цени на горивата во Европа и очигледно сака да го задржи тој благодет само за своите возачи, со тоа што на странските возачи им наплатува гориво и до 60 отсто поскапо.

Европската унија го нарече овој потег дискриминација и побара да се запре системот за двојно плаќање.

Цената на литар бензин од ноември 2021 година е ограничена на 480 форинти, што е 1,21 евро. Возачите во Австрија и Словачка во моментов плаќаат околу 2 евра за гориво. Затоа многу граѓани на земјите од пограничните области побрзаа во Унгарија да ги наполнат резервоарите на автомобилот.

Сега со дополнителни 60 отсто горивото за нив чини 1,93 евра и веќе не вреди да се вози до бензинските пумпи во Унгарија.

21.06.2022 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа