Close Menu
    Најново

    Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија

    04.11.2025 во 14:31

    Ужас: Скопјанец извршил обљуба врз неговата малолетна поќерка

    04.11.2025 во 14:11

    48-годишен скопјанец пронајден починат на улица во Скопје

    04.11.2025 во 14:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија
    • Ужас: Скопјанец извршил обљуба врз неговата малолетна поќерка
    • 48-годишен скопјанец пронајден починат на улица во Скопје
    • Украле тутун во вредност од 505.000 денари, тројца струмичани кривично ќе одговарат
    • Алиу: Воведена нова процедура на Клиниката за кардиологија, пациентите со сложени срцеви аритмии повеќе нема да бидат упатувани во странство
    • Инцидент во автобус на ЈСП: 12-годишно момче тешко повредено, возачот нагло закочил
    • Ѝ ги зеле личните податоци, па извадиле 7 брзи кредити: Затвореник и велешанка измамиле штипјанка
    • Портпаролот на ЗНАМ ретерира: ВРЕДИ не го изигра ВМРО – тие помогнаа за победа
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Стојкоски: Општина Ѓорче Петров ќе продолжи да се развива со проекти за младите и инвестирање во училишта и градинки 

    Стојкоски: Општина Ѓорче Петров ќе продолжи да се развива со проекти за младите и инвестирање во училишта и градинки 

    19.09.2025 во 19:18
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во денешната емисија „За или против“ на Алфа телевизија, гостуваше актуелниот  градоначалник и кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски кој ги истакна сите проекти кои се реализирано во општината и на кои тој е особено горд, наведувајќи ги проектите во инфраструктурата, доградбата на училишта, зголемувањето на капацитетите во детските градинки, воведувањето на едносменска настава, како и вложувањата во спортската инфраструктура.

    „Направивме сериозни исчекори во сите области, делот на инфраструктурата, се радувам на доградбите на училиштата коишто ги завршивме на Основното училиште „Тихомир Милошевски“ и на подрачното училиште во Хром, зголемувањето на капацитетите на детските градинки, на новата градинка во Стопански двор,  се радувам што воведовме во четири од шест објекти едносменска настава, во основните училишта во Ѓорче Петров, обезбедивме средства за доградба на три училишта, направивме многу за спортската инфраструктура, 9 нови спортски терени, мултифункционални игралишта  со тартан подлога. Мислам дека ја поставивме општината на здрав колосек, најперспективна општина во градот Скопје и општина која дополнително во иднина најдобро ќе се развива и ќе има најдобри фискални капацитети, вели Стојкоски.

    Градоначалникот Стојкоски ги истакна клучните точки на кои ќе се фокусира општината во иднина, притоа стави акцент на новата населба за млади која што се планира, се со цел да се создадат подобри услови за младите да основаат семејство.

    „Клучните точки пак се однесуваат најмногу на училишта и детски градинки, ќе имаме и нешто за пензионерите, ќе имаме  нова населба за млади, ќе кажам во текот на кампањата  начинот локацијата каде планираме тоа да се направи и од Владата има добар слух и од Народната банка излегоа со поволности за младите луѓе, целта ние да создадеме услови реални, да овозможиме локации каде младите брачни парови можат да си купат земја, да градат, да основаат семејства. Ќе бидеме поврзани за младите за иднината, за просперитетот“, рече Стојкоски.

    Популарно

    Брат ми се бори за живот, а човекот што проба да го убие шета во Грција: Граѓанин го прозва министерот Тошковски

    03.11.2025 во 17:59

    ЗНАМ: ВРЕДИ го изигра ВМРО-ДПМНЕ

    04.11.2025 во 09:22

    Жени се тепале во Неготино: Една во болница, три во станица

    04.11.2025 во 11:36

    Амар го исцица СДСМ – Орце жртва на кампања менаџмент

    04.11.2025 во 10:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.