Close Menu
    Најново

    Русија тврди дека Украина нападнала резиденција на Путин

    30.12.2025 во 18:49

    Запрен сообраќај во тунелот под Ла Манш

    30.12.2025 во 18:31

    Беким Сали именуван за прв вицепремиер на денешната владина седница

    30.12.2025 во 18:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Русија тврди дека Украина нападнала резиденција на Путин
    • Запрен сообраќај во тунелот под Ла Манш
    • Беким Сали именуван за прв вицепремиер на денешната владина седница
    • Американски напад врз венецуелско пристаниште: Трамп тврди дека биле погодени нарко-бродови
    • Несреќа на жичарница во Италија – најмалку четири повредени, 100 спасени со хеликоптер
    • ​Општина Кисела Вода го донесе Буџетот за 2026 година, вреден 1.578.271.060 денари
    • СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата
    • Пакетче за секое дете и многу забава во Кисела Вода
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Стоматолошка комора: Комората веднаш ќе ги почне законски определените дејствија почитувајќи ја пресудата на судот

    Стоматолошка комора: Комората веднаш ќе ги почне законски определените дејствија почитувајќи ја пресудата на судот

    06.10.2025 во 15:47
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Точно е дека постои пресуда на Управен суд со која е поништена верификацијата на мандатите на делегатите на сегашниот состав во Комората, се наведува во денешното соопштение на Стоматолошката комора.

    -Стоматолошкатa комора на Македонија ја доби денеска, пред некој час, и за почеток знаеме само дека согласно пресудата потребно е Комората, односно Верфикационата комисија следејќи ги напатствијаита на Судот да донесе одлука односно пресудата ја враќа постапката назад на повторно одлучување на телата на Комората. Комората, секако, уште веднаш ќе ги започне законски определените дејствија почитувајќи ја пресудата на судот. Загрижените колеги би требало сериозно да размислат за нивните постапки зошто на овој начин претендирајќи на незаконското преземање на Комората можно е да се отвори “Пандорината кутија” што може да доведе до несогледливо штетни правни последици по комплетниот стоматолошки систем, за што е известена и Владата, велат од Стоматолошка комора на Македонија.

    -Околу прашањето за “нелегитимноста на претседателот согласно Статутот на Комората” сакаме да појасниме дека до избор на нов претседател, претходниот претседател најмногу година дена или до избор на нов претседател, ја врши функцијата. Во конкретниот случај, кога во Комората сегашниот и претходниот претседател е исто лице, легитимноста на д-р Денковски се уште не е спорна. Околу прашањето за вработените во Комората точно е дека покрај други елементи кои ја детерминираат започнатата постапка се појавија индиции дека вработената Ф.К. во периодот по одземањето на јавното овластување, како дел од службата на Комората за поддршка на Комисијата за постапување на министерот за здравство направила можни сериозни повреди кои можеби би можеле да направат штета на нашите членови, докторите на стоматологија, се наведува во нивното соопштение.

    „Поради тоа покрената е постапка согласно Законот за работни односи и донесена е одлука за нејзино отстранување(суспендирање) од работното место до конечно утврдување на точноста на наводите и ќе се формира комисија што ќе го разгледа случајот по што ќе донесе одлука и воедно ќе го извести и министерот за здравство. За сите останати прашања Комората е отворена и ќе излегува во пресрет на јавноста штитејќи ги интересите на стоматолозите“, велат од Стоматолошка комора на Македонија.

    Популарно

    Обвинителството ја затвори познатата скопска кафеана

    30.12.2025 во 11:25

    Сопругата и синот на Мицкоски на гости во Влада

    29.12.2025 во 18:38

    Денеска подгответе се за снег – од утре голем пресврт

    30.12.2025 во 09:08

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.