Столтенберг: Војната во Украина може да се претвори во војна меѓу Русија и НАТО

 

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост дека руската војна во Украина може да излезе од контрола и да се претвори во војна меѓу Русија и на воената алијанса.

„Во Украина има страшна војна. Тоа е и војна која може да стане вистинска војна која би ескалирала во голема војна меѓу НАТО и Русија. Работиме секој ден за да го избегнеме тоа“, изјави Столтенберг во интервју за норвешката телевизија НРК.

Столтенберг, поранешниот премиер на Норвешка, изјави дека „нема сомнеж дека е можна војна од целосен обем“ и додаде дека е важно да се избегне конфликт „во кој се вклучени неколку земји во Европа“.

Рускиот претседател Владимир Путин го обвини Западот дека ја користи Украина како алатка против Русија.

„Западот многу години бесрамно ги експлоатираше и ги исцрпуваше неговите ресурси, поттикнуваше геноцид и терор во Донбас и фактички ја претвори земјата (Украина) во колонија. Сега тој цинично го користи украинскиот народ како топовско месо, како овен против Русија, продолжувајќи да ја снабдува Украина со оружје и муниција, испраќа платеници и ја турка на самоубиствен пат“, рече Путин.

09.12.2022 - 22:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега