Столтенберг: Турција е почитуван сојузник, мора да бидеме сите заедно во овој историски момент

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја побара Турција да размисли и да не го блокира членството на Финска и Шведска во алијансата.

„Турција е почитуван сојузник и треба да се решат сите безбедносни прашања. Мораме да бидеме заедно во овој историски момент“, напиша Столтенберг на Твитер во понеделникот по средбата со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Шведска и Финска најавија дека ќе аплицираат за членство во НАТО за неколку дена, поттикнати од промената на геополитичката клима во Европа по почетокот на рускиот напад врз Украина кон крајот на февруари.

 

17.05.2022 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега