Стојкоски: Обезбедивме ранчиња за 430 првачиња од општина Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров обезбеди ранчиња за секое прваче.
 
 
– Сите 430 првачиња од основните училишта од општина Ѓорче Петров заслужуваат квалитетно образование, добри услови за работа и квалитетна иднина за која ќе се залагаме заеднички. На почетокот на новата учебна година, учениците ќе ги пречекаат хортикултурно средени дворови во сите училишта, напиша на Фејсбук градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски.
 
Тој наведува дека е обезбеден и бесплатен појадок за сите првачиња со цел финансиско олеснување на родителите кои првпат ги запишуваат своите деца во училиште.
31.08.2022 - 16:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега