Првиот работен ден како реизбран градоначалник на општина Ѓорче Патров, Александар Стојкоски беше на терен на увид на спортско-рекреативниот комплекс во Полјана.

Од првиот ден сме на терен, а денес ја заокружуваме реализацијата на спортско-рекреативниот комплекс во Полјана – простор кој ќе биде новото место за спорт и дружење на жителите, објави Стојкоски.

Стојкоски додаде: „Паралелно се реконструираат сите детски игралишта – работиме во месноста Јурија, се обновуваат локациите во Даме Груев, а во Дексион градиме целосно ново игралиште на местото на старата урбана заедница“!

Ѓорче го чекаат уште поубави денови – со нови паркови, спортски терени и места за среќно детство, потенцира во објавата Стојкоски

Exit mobile version