Close Menu
    Најново

    Стојановски: Буџетот за 2026 година ни носи модерни училишта и обновени болници

    10.12.2025 во 13:14

    Пукање во Белград – ранет газда на кафуле

    10.12.2025 во 13:08

    Вработените во Комунална хигиена и Паркови и зеленило ја завршуваат годината со половина плата

    10.12.2025 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Стојановски: Буџетот за 2026 година ни носи модерни училишта и обновени болници
    • Пукање во Белград – ранет газда на кафуле
    • Вработените во Комунална хигиена и Паркови и зеленило ја завршуваат годината со половина плата
    • Топката е кај Собранието – Фетаи очекува брза одлука за разрешувањето на Коцевски
    • Падна одлука: Сите средни училишта во Скопје ќе добијат фотоволтаици
    • Уапсени 12 лица – голема акција на МВР во Арачиново, Чаир и околните села
    • Салиу: Бог да чува – ниту Баба Ванѓа не можеше да го предвиди ова обвинение
    • Сиљановска-Давкова: Новиот јавен обвинител мора да биде бескомпромисен борец отпорен на партиски влијанија
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Стојановски: Буџетот за 2026 година ни носи модерни училишта и обновени болници

    Стојановски: Буџетот за 2026 година ни носи модерни училишта и обновени болници

    10.12.2025 во 13:14
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Овој Буџет не е само финансиска конструкција, туку стратегија, визија и јасна определба дека Македонија како држава може и мора да оди напред. Во време на глобални економски турбуленции, овој Буџет одржува фискална дисциплина, го намалува дефицитот и го држи јавниот долг во безбедни рамки, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Стојановски, на денешната седница во македонското Собрание, на која се дискутира за Предлог-буџетот за следната 2026 година.

    Додаде дека тоа е јасен и непобитен доказ дека Владата има план, има стратегија и има стабилен курс кон развој, како и економски раст, поддршка за компаниите и нови работни места.

    „Буџетот за 2026 година ни носи и силен инфраструктурен циклус, подобри патишта, нова енергетска инфраструктура, модерни училишта, обновени болници, нови водоводи и канализациони системи за граѓаните. Тоа се реални проекти коишто ќе донесат поубав и поквалитетен живот на граѓаните. Буџетот ги зајакнува и програмите за социјална помош, ги штити пензионерите со зголемување на пензиите и носи нови мерки за младите и студентите“, рече Стојановски.

    Посочи дека ова е шанса за вистинска социјална сигурност со зголемување на овие средства за образование и здравство.

    „Владата покажува дека и таму не штеди и таму е местото од каде што државата и најмногу добива. Во Буџетот се планираат и пари за модерни училишта и за зајакнување на здравствениот систем и тоа е чекор напред кон европски стандарди. Во Буџетот се вградени механизми за контрола, отчетност и транспарентност, секој денар има своја цел, а граѓаните имаат право да знаат секогаш каде се трошат нивните пари. Владата тоа го гарантира со овој Буџет“, истакна, меѓу другото, пратеникот Стојановски.

    Популарно

    МВР ќе испраќа и фотографии, процент на тоелранција на брзината ќе има

    09.12.2025 во 10:22

    МВР го гони екс министерот – Кривична за Оливер Спасовски

    10.12.2025 во 12:01

    Претседателката за мигрантите: Ако се лица опасни за Британија, опасност се и за нас – јас сум против нивен прием

    10.12.2025 во 11:54

    Пивоваров: Најдобро е премиерот Мицковски да упати демант до британските медиуми

    09.12.2025 во 22:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.