Општина Неготино е избрана за најдобра локална заедница во Средна и Југоисточна Европа за развој на претприемништвото, информираше денеска неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. 

Тој соопшти дека како како градоначалник на општина Неготино, од 15 до 18 овој месец присуствувал и зел активно учество   на   Меѓународниот   економски   форум  „Перспективи“, што се одржал во   Љубљана, Република Словенија, во организација на Светскиот конгрес на претприемачи. 

– На настанот преку аудио-видео материјал ги презентирав условите и можностите што нашата општина ги нуди за развој на претприемништво. На овој реномиран настан од страна на Меѓународниот економски форум, на општина Неготино и беше доделена големата награда и признанието „Глобаллокал“ за најдобра локална заедница во 2024/2025 година, за креирање на добар амбиент за развој на претприемништвото на територијата на подрачјето на Средна и Југоисточна Европа, појасни Стојанов. 

Тој сподели дека со посебна чест и гордост ја примил оваа награда и од името на граѓаните на општина Неготино, се заблагодарил за нејзиното добивање

Exit mobile version