Денес во просториите на Општинскиот комитет Ѓорче Петров одржавме конститутивна седница на новиот победнички состав на Општинскиот комитет, посочи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.
-Со ова означуваме старт на едно ново поглавје, старт на нова победничка низа и големи успеси.
Во новиот Општински комитет членуваат чесни, искрени, посветени и луѓе кои се препознатливи во нивните места на живеење. Потпретседатели ќе бидат Нена Спасов и Бобан Стојаноски, а секретар ќе биде Јован Попоски, информира тој.


