Стојаноски: Шест месеци ГОБ „8-ми Септември“ функционирала без префрлени средства од ФЗОМ

Дали неспособноста на ново-стариот министер за здравство Венко Филипче ескалира, и тоа уште на самиот почеток на новиот мандат? Дали во „новата нормалност“ Клиниките и болниците во Република Македонија се наоѓаат пред финансиски колапс? Освен што недостасува медицински кадар по здравствените установи, сега постепено излегува на површина и финансискиот дефицит, изјави на денешната прес конференција Синиша Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, јавноста деновиве беше сведок на шокантна вест која што проструи во медиумскиот простор, дека Градската Општа Болница „8-ми Септември“ е пред финансиски колапс. ФЗОМ, според информациите кои се јавно достапни, должи финансиски средства за речиси 13.000 пациенти лекувани од КОВИД-19 во оваа болница. Недозволиво е ова што се случува во македонското здравство. Над 12.000 прегледи на болни со КОВИД-19 и над 2.000 излекувани пациенти, а ниту денар од државата за доскорешниот прв КОВИД центар во Република Македонија. Шест месеци ГОБ „8-ми Септември“ функционирала без префрлени средства од ФЗОМ, па затоа сега има потешкотии да ги набави основите материјали за нормално функционирање, посочи тој.

На скандалите им нема крај.По ваков еден невиден скандал, Филипче го нема никаде да одговори зошто оваа елитна болница е доведена до работ на егзистенција?За ова одговорност од надлежните мора да има. ВМРО-ДПМНЕ го повикува ФЗОМ и министерот за здравство Венко Филипче да одговорат на јавноста што е причината за овој скандал? Каде се финансиските средства кои што треба да се исплатат на болницата? Зошто до сега истите не се исплатени и зошто болницата е доведена до раб на егзистенција?, прашува Стојаноски.

Филипче не успеа да се справи ниту со првиот бран, кој во Република Македонија е продолжен со неколку пикови. Предвидливо е за жал дека најверојатно нема да може да се справи ниту со вториот. Неспособноста на оваа старо-нова влада досега не чини над 700 човечки животи. Време е да се понесе одговорност за ваквата неспособност, заклучи Стојаноски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2020 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега