Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стојаноски: Само оние кои имаат македонско државјанство и никакво друго ќе можат да бидат пратеници

    Стојаноски: Само оние кои имаат македонско државјанство и никакво друго ќе можат да бидат пратеници

    21.04.2026 во 20:103 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, гостуваше во Тема на денот на телевизија Сител, и кажа дека попладнево пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за пратеници, каде се предвидува еден дополнителен услов, односно, пратеник во Собранието да може да стане само лице кое има само македонско државјанство. Тој вели дека јавноста во изминатиов период е сведок на продукција на лаги од страна на СДС, и потсети на вчерашното соопштение на фејсбук страната на СДС во прашална форма, во однос на тоа дали дел од пратениците гласале на изборите во соседна земја. Стојаноски демантираше дека некој од нив поседува друго државјанство освен македонско, и ги повика опозиционерите од СДС да излезат на прес-конференција со истото, а не од собраниска говорница.

    ,,Во текот на вчерашниот ден, излезе една вест на фејсбук страната на СДС во којашто сме ние неколкумина, со една прашална форма дали сме гласале на изборите во Бугарија“, рече Стојаноски.

    Стојаноски вели дека тоа е стара вест, која била актуелна пред 5 години, каде тогашен министер за одбрана, а сегашен поранешен политичар во Бугарија, како што вели, сакајќи да создаде тема во јавноста ги наброил неколкумина, а тогаш имало и демант од нивна страна.

    ,,Јас лично не демантирав, затоа што сметав дека не треба да се даде внимание на оваа тема, но со колегите разговаравме и одлучивме да ја пресретнеме оваа лага и уште еднаш да покажеме пред јавноста со што се служи СДС и на кое ниво е падната таа политичка партија. Затоа го поднесовме овој закон со идентичен текст како пред 5 години, тогаш коалицијата СДС и ДУИ не го поддржа“, вели Стојаноски.

    Тој кажа дека утре има пленарна седница, каде ќе побараат законот да се стави на дневен ред, и СДС да се изјасни дали сега го поддржува како опозиција или тогаш како власт не го поддржуваше. Стојаноски напомена дека токму оние кои беа неведени во вчерашното соопштение на СДС го поднеле овој закон, а ја искористи приликата да демантира.

    ,,Уште еднаш да демантирам, дека никој од нас не поседува никакво друго државјанство, а најмалку бугарско“, потенцираше Стојаноски и додаде:

    ,,Ако се уверени во ова има начин тоа како да го докажат, нека се обратат до одредени институции, некој од  нив нека нека излезе, ама да не биде од собраниска говорница, нека даде прес-конференција, секако дека ќе го тужиме“, истакна Стојаноски.

    Тој дополни дека станува збор за партија која ги губи судските спорови, но вели и декка повторно ќе најдат начин како ова да го заобиколат.

    ,,Ете ние сме потпишани на овој закон, утре ќе можат да се изјснат дали го поддржуваат или не. Ако го изгласаат, ако се тие во право ние петмина повеќе нема да бидеме пратеници, но јас мислам дека и овој пат или ќе најдат некаков начин ова да го заобиколат или повторно ќе треба да ги слушаат оние кои што и во минатиот период ги слушаа, а тоа е ДУИ“, заклучи Стојаноски.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.