Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Пратениците на СДСМ не сија заработуваат ниту платата. Во период од јули до декември 2021 година, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имале три пати повеќе активности од тие на СДСМ.

Во споменатиот период пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имале 109 дискусии во Собранието, наспроти 36 од страна на СДСМ. Идентично е и во бројот на репликите каде пратениците од ВМРО-ДПМНЕ имаат 127 реплики, додека тие на СДСМ имаат 83 реплики.

Исти се и бројките кога ќе се погледне соодносот на власта и опозицијата. Имено партиите од опозицијата имаат 128 дискусии во периодот јули - декември 2021 година, наспроти 54 на тие од власта. Соодносот кај репликите е 130 наспроти 93.

Бројките од активностите во Собранието покажуваат дека пратениците од СДСМ и ДУИ не си ја работат работата и не си ја заработуваат ниту платата.

Оваа статистика покажува колку пратениците на СДСМ и ДУИ се само марионети на Заев и Ковачевски, наместо пратеници кои ќе креираат законски решенија тие се гласачка машина за Заев и Ахмети и сега нивниот администратор Ковачевски.

Тие треба да ги изгласаат сите штетни закони за државата и народот, а кои му носат профит на врвот на СДСМ и ДУИ како што е законот со кој се уредува одгледувањето на канабис и дозволата на извоз на чист цвет, наместо масло. Или пак како што е законот за создавање на паралелна видеолотарија проект кој го туркаше Груби, а за кој што граѓаните на Тетово, Гостивар и други места се изречно против.

Затоа е и нервозата кај СДСМ и ДУИ бидејќи пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и до сега се спротивставија на сите штетни закони и не дозволија нивно проаѓање во Собранието, но тоа ќе биде скоро и невозможно во наредниот период. Со активната блокада нема да дозволиме ниту најмала шанса да поминат лоши закони и ќе ја притиснеме власта на избори.

Од друга страна пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат со предлагање на законски решенија за подобар стандард на граѓаните.  

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
12.05.2022 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега