Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, денеска презентираше нови податоци од Државниот завод за статистика кои покажуваат позитивен тренд на македонскиот пазар на труд. Според него, економските политики на власта даваат видлив резултат преку континуиран раст на вработеноста во последните шест квартали.
Стојаноски истакна дека бројот на вработени граѓани се искачил на над 709 илјади, што е пораст за 18.000 лица во споредба со претходниот период кога оваа бројка изнесувала 691 илјада.
„Ова е јасен показател дека економските политики даваат резултат и дека економскиот раст се претвора во реални можности за работа и подобар стандард за граѓаните. Паралелно со растот на вработеноста, се намалува и невработеноста, која според последните податоци изнесува 11,4 проценти“, изјави Стојаноски.

