Стојаноски: Минатиот месец побаравме да се набават 20 противпожарни возила, но власта ни се смееше

Поднесовме амандман за да се обезбедат 90 милиони денари за набавка на 20 нови противпожарни возила. Пратениците од мнозинството и членовите на владата од СДСМ – ДУИ не го прифатија овој амандман, на моменти и се исмеваа, пишува на својата Фејсбук страница пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

-Пред неполн месец имаше расправа за ребалансот на буџетот за 2021 година.

Поднесовме амандман за да се обезбедат 90 милиони денари за набавка на 20 нови противпожарни возила.

Пратениците од мнозинството и членовите на владата од СДСМ – ДУИ не го прифатија овој амандман, на моменти и се исмеваа.

Тогаш беше актуелен случајот со пожарот во Галичник кога противпожарното возило беше влечено со ланец.

Денес имаме пожари низ целата држава.

Нема пари за нови противпожарни возила, но има:

– 155 милиони денари повеќе за нови вработувања

– 144 милиони денари повеќе за набавка на мебел

– 17 милиони денари повеќе за набавка на возила.

Тотална неспособност!
Тотално фијаско!
Тотална недоговорност!

Што фативте – уништивте.
Уште малку!, пишува Стојаноски во својата објава.

04.08.2021 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега