Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесоа официјални барања до претседателот на Собранието, Африм Гаши, и претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска, со цел итно закажување на седницата за предлог-законот за задолжување од 260 милиони евра.

Пратеникот Бојан Стојаноски на денешната прес-конференција во Собранието ги обвини социјалдемократите дека свесно ги кочат процесите.

„Граѓаните не смее да бидат заложници на политичките калкулации на Венко Филипче и СДСМ. Баналните изговори за блокирањето на Комисијата за финансирање и буџет е само со една цел – да заработат ситни политички поени на грбот на граѓаните и државните интереси – изјави денеска на прес-конференција во Собранието пратеникот од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојкоски.“

Владејачкото мнозинство бара СДСМ итно да ја прекине блокадата за да не се загрози реализацијата на тековните капитални проекти и исплати.

„Доколку навистина им се важни интересот на граѓаните и реализацијата на проектите што значат развој на државата, СДСМ, рече тој, треба без одлагање да ја закаже Комисијата за финансирање и буџет.“

Стојаноски потенцираше дека во буџетската сфера има обврски кои не трпат одложување, а кои директно зависат од работата на ова собраниско тело.

„- Наместо блокади и political акробации, потребна е одговорност и поддршка за процесите што обезбедуваат инвестиции, економски раст и подобар животен стандард за секого. Граѓаните очекуваат решенија, а не бегање од соочување со аргументи. Средства за повисоките примања во образованието, здравството и јавниот сектор, за капитални инвестиции, за сервисирање на обврските и задолжувањата што токму СДСМ ги натрупа. Ништо од ова не смее да чека, рече Стојаноски.“

Пратеникот се повика на новите правила во Собранието кои беа донесени со консензус, нагласувајќи дека бројот на потпишани пратеници го надминува законскиот минимум.

„Тој подвлече дека промените на Собранискиот деловник кои, вели, заеднички ги направивме, не дозволуваат вакви неодговорни блокади, мотивирани исклучиво од дневно-политички игри. -На СДСМ им е јасно правилото, дека ако најмалку една третина од членовите бараат заседание на комисијата, тоа мора да се случи. Па така, ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратениците од коалицијата, до претседателот Африм Гаши и Сања Лукаревска испративме две писма, потпишани од 12 пратеници, односно значајно поголема бројка од потребната една третина од членовите.“

Доколку опозицијата не се одзвие на доставените дописи, Стојаноски најави дека мнозинството ќе ги искористи сите преостанати собраниски механизми.

„Оваа постапка не им остава простор на СДСМ за самоволие. Воедно, им порачуваме дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи СДСМ и Венко Филипче да го држат Собранието во заложништво, а со тоа да ги стават во прашање инвестициите и развојот. Ако продовжуват со неодговорното однесување, наша должноста кон граѓаните и државата ќе биде да ги употребиме деловничките алатки за да ја деблокираме работата на комисијата, подвелече пратеникот Стојаноски.“

Тензиите во Собранието уследија откако во текот на вчерашниот ден, по серија реплики, целосно запре расправата по скратена постапка за најавениот државен кредит.

„Расправата за Предлогот на закон по скратена постапка за задолжување на државата од 260 милиони во собраниската Комисија за финансирање и буџет, вчера беше блокирана од страна на опозициската СДСМ.“

Exit mobile version