Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стојаноски: Бараме предвидлив пат кон ЕУ кој нема да се заснова на билатерални прашања

    Стојаноски: Бараме предвидлив пат кон ЕУ кој нема да се заснова на билатерални прашања

    21.04.2026 во 20:543 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, беше гостин во Тема на денот на Сител телевизија, каде се осврна на темата за новата влада во Бугарија и што тоа би значело за Македонија. Според него, во духот на добрососедските односи и во духот на Европа, една држава не треба да ја ветоизира соседната, затоа што кога би се исклучила политиката, би значело корист за двете страни, а како позитивен пример го посочи коридорот 8. Стојаноски кажа дека се цели кон предвидлив пат кон ЕУ за Македонија, а не да се сведува на билатерални спорови.

    ,,Ова прашање мислам дека треба да го гледаме од повеќе агли. Првиот агол е одреден стремеж којшто го имаме ние, дека навистина ќе имаме еден квалитетен соговорник, сега веќе кога има полна политичка компресија и дека ќе можеме да седнеме и да развиеме дијалог, во којшто ќе најдеме решение на очигледниот проблем којшто го имаме.Нашиот став е тука јасен“, рече Стојаноски.

    Според него, Бугарија како земја членка на ЕУ, која би имала еднопартиска власт, не треба да ја ветоизира соседната држава во духот на Европа или во духот на добрососедските односи.

    ,,Сакаме да бидеме реални, а тоа значи дека Македонија треба да биде исто така рационална, мирна, но внимателна и цврста во своите ставови, бидејќи навистина ова за нас е прашање кое што не треба да трпи одредни попуштања“, вели Стојаноски.

    Тој даде и позитивен пример, откако би се исклучила политиката во разговорите меѓу двете држави.

    ,,Светол пример е и договорот за коридорот 8, за тунелот во третата фаза за пругата кон Бугарија. Седнаа министрите за транспорт на двете држави и се договорија, најдовме и заедничко финансирање, и тој проблем по 35 години ќе биде решен. Сметам дека и во таков дух можеме да разговориме и да ги отвориме прашањата. Ние треба да си останеме на нашите ставови и аргументирано да ги браниме“.

    Стојаноски потенцираше дека се цели кон предвидлив пат кон ЕУ, без билатерални прашања во него, од аспект да се знае, како што вели тој, дека не би имало повеќе отстапки.

    ,,Националниот консензус којшто е евидентно дека не постои, бидејки опозицијата по она што го слушнав вчера, се уште не ја научила лекцијата, и некои одредени ставови кои што по изборите можеби беа потврди, се доплнително омекнати, и кои што не само што не бараат никакви гаранции, туку дополнително уставните измени ги искачуваат на ниво на, ‘да се прифати’, па понатака ќе видиме, што за нас сметаме дека е неприфатливо, бидејќи оваа држава 35 години има негативно искуство со ваков начин на прифаќање на ставови и она кое што е наша позиција, која што сметам дека треба да биде национален консезнус е ние да седнеме и да се договориме и конечно да добиеме гаранција дека нема повеќе жртви можеби на дневнополитички потреби или на билатерални спорови“, посочи Стојаноски. 

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.