„Што се однесува до законот со којшто се избриша техничката влада, но не за следните избори, туку за оние што ќе се случат после нив. Сметам дека аспсолутно тука СДС не е оштетна како партија, бидејќи на следниве парламентарни избори коишто следуваат, во техничката влада ќе влезат токму луѓе коишто ќе дојдат како предлог од СДС, дури за наредните после нив зборуваме дека нема да има техничка влада, впрочем за тоа и од Брисел имаме оценка дека со последните локални избори докажавме дека државата е зрела демократски, немаше никакви преговори и дека можеме конечно да излеземе од тоа решение техничка влада“, истакна Дафина Стојаноска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на гостување во дебатната емисија 24 Анализа на ТВ 24.
Пратеничката Стојаноска се осврна на законот со којшто се избриша техничката влада, но не за следните избори туку за оние што ќе се случат после нив и додаде дека токму и од Брисел имаме оценка дека со последните локални избори докажавме дека државата е зрела демократски и дека, како што кажа, конечно можеме да излеземе од тоа решение техничка влада. Таа додаде дека СДС наместо да преговараат и дојдат до заедничко решение, се самоисклучуваат од преговарачката маса, потенцирајќи дека немаат аргумент дека некој ги исклучува од процесите.
„Апсолутно сметам дека нема потреба од термин дека ВМРО-ДПМНЕ ги исклучило СДС, туку СДС се самоисклучија од преговарачка маса, се самоисклучија од покана за втората лидерска средба, така што апсолутно немаат аргумент дека некој ги исклучува од процесите“, рече пратеничката Стојаноска.
- Македонија ја зафаќа силно невреме: УХМР со аларм за пороен дожд, силен ветер и град
- Уапсен началникот на белградската полиција
- Од 2027 година Jeep и Peugeot ќе се произведуваат во Кина
- Тешка сообраќајка во Скопје: Автомобил удри во 13-годишен велосипедист, возачот лишен од слобода
- СДСМ: ВМРО намерно ја плаши јавноста со „бугарска опасност“ за да ја блокира европската иднина на Македонија
- Трамп го губи трпението: Иран мора да склучи договор
- МВР го бара сопственикот на волкот од Козле: Казната за чување диво животно достигнува и до 20.000 евра
- Жерновски: Во нормална држава Мицкоски веднаш ќе си дадеше оставка за повикот до јавниот обвинител


