Close Menu
Press24
    Најново

    Николоски: Градиме бројни капитални проекти во Охрид

    11.07.2026 во 15:42

    Финализирани координациите за реализација на проектот Брз автобуски превоз

    11.07.2026 во 15:18

    Словенец од јарбол го симнал и запалил македонското знаме пред општина Прилеп

    11.07.2026 во 15:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски: Градиме бројни капитални проекти во Охрид
    • Финализирани координациите за реализација на проектот Брз автобуски превоз
    • Словенец од јарбол го симнал и запалил македонското знаме пред општина Прилеп
    • Мицкоски: Опозицијата нека свика експерти и нека се усогласи за Изборниот законик, владината коалиција е веќе усогласена
    • СДСМ: Нов скандал на Тошковски, му избега притворен наркодилер од полициска станица во Кочани
    • МОН вложува 5,5 милиони евра во образовната инфраструктура во Охрид
    • Чаир го одбележа Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница
    • Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стојаноска: Филипче е трет во низата, по Заев и Ковачевски, да прифати се само за да дојде на власт, гласно се подава и на домашна и на меѓународна сцена

    Стојаноска: Филипче е трет во низата, по Заев и Ковачевски, да прифати се само за да дојде на власт, гласно се подава и на домашна и на меѓународна сцена

    21.04.2026 во 22:463 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Дафина Стојаноска, пратеничка во Собранието и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во емисијата “Заспиј ако можеш” на телевизија Алфа, каде говореше  за јавно изнесените ставови на лидерот на опозициската СДС, во однос на уставните измени. Според неа, тој настапува гласно, и на домашна, и на меѓународна сцена, воден исклучиво од амбицијата да дојде на власт. Стојаноска оцени дека станува збор за трет во низата лидери на СДС, кој е подготвен на се за да дојде на власт, а од друга страна пак можеби ова и да претставува негов обид за спас од одговорност и криминал. Таа истакна и дека на СДС не им одговара фактот што повеќе ги немаат нивните, според неа, инсталирани кадри во судството кои постапуваа по нивни насоки, како и дека, и по два изборни порази, не ја разбираат пораката што им ја испратиле граѓаните.

    ,,Тоа е еден лик којшто, како на отворена, и на домашна, и на меѓународна сцена, буквално се “подава”, па вели дека нема проблем да направи уште една уставна измена. Нешто слично правеше и неговиот претходник Заев“, вели Стојаноска.

    Според неа, лидерот на опозициската СДС е третиот во низата, кој е подготвен да направи сѐ за да дојде на власт и, како што вели таа, да го стави истиот печат, како неговите претходници.

    ,,Ова е лик, трет во континуитет, откако започна Заев со предвавства, Ковачевски ги надгради или го потпиша вториот срамен договор, и овој останува да го “стави печатот”, ако може така да кажеме, па се “подава” на секому, само за да дојде на власт. Или, можеби, доаѓањето на власт за него значи спасување од криминалот?“, рече Стојаноска.

    Стојаноска посочи дека на Филипче не му одговара тоа што повеќе ги нема нивните инсталирани кадри во правосудниот систем кои претходно, како што вели, работеле по нивен налог.

    ,,Тие се свесни, тие знаат дека се криминогени до преку глава, знаат дека се менуваат работите во судството, веќе ги нема нивните инсталирани луѓе, кои што работеа според нивните налози, и ајде сега ќе го релативизираме криминалот“, кажа Стојаноска и  дополни:

    ,,Ако криминалот беше симбол на нивното владеење, сега доаѓа власт која што апсолутно не е ортак со криминалците. Имаме примери каде што со доказ фатени луѓе кои што, ете, за овој период се дрзнале да бидат криминалци, веднаш се обелоденети“.

    Стојаноска вели дека Филипче е дел од истата матрица, онаа која го потценувала сопствениот народ и дури и по два изборни порази не ја сфати пораката која народот му ја упати нему и на СДС.

    ,,Не случајно Филипче толку брзо, толку гласно, толку напорно, се обидува да се “подаде”. Самиот се пријави, нудејќи дека ќе го сменат Уставот, ќе направат сѐ што ќе им се каже, само за да се заштитат од одговорност за нивниот криминал. Тоа е таа матрица која што го потценуваше сопствениот народ и сега тука се случуваат контрадикторности“, истакна таа и додаде:

    ,,Не ја сфати пораката од народот и него повеќе му е грижа за избори во некои други земји.  Не покажува грижа за тоа што нему народот му го порача и на последните парламентарни, и на последните локални избори. Два пати по ред добива порака од народот и тој повторно го потценува мислењето на сопствениот народ“.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Опозицијата нека свика експерти и нека се усогласи за Изборниот законик, владината коалиција е веќе усогласена

    11.07.2026 во 15:06

    СДСМ: Нов скандал на Тошковски, му избега притворен наркодилер од полициска станица во Кочани

    11.07.2026 во 15:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.