Стојанче Ангелов поддржува референдум за Договорот со Бугарија, ја осудува постапката на Џафери

Проблемот со Бугарија е непосакуван проблем од којшто целата држава трпи огромна штета, рече вечерва директорот на ЦУК и лидер на Достинство, Стојанче Ангелов, во гостувањето во „Само вистина“ на Канал 5.

Ангелов вели дека е отворен по прашањето за референдум за поништување на Договорот за добрососедство со Бугарија.

„Тоа е највисок облик на демократија на граѓаните и сметам дека на граѓаните треба да им се даде можноста да се изјаснат. Ја осудувам постапката на претседателот на Собранието Џафери, кој искористи правни лавиринти за да не дозволи референдум. За жал, и јас како претседател на Достоинство иницирав референдум со четири прашања и тогашниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски не ни дозволи. Принципиелно поддржувам било какво референдумско прашање“, рече Ангелов во емисијата „Само вистина“.

Според него, прашањето би било подобро кога би гласело „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ, без прифаќање на собраниските заклучоци тој и тој“.

„На тој начин, граѓаните можат да одберат дека сме за влез во ЕУ, но без тие понижувачки услови од овој модифициран француски предлог. Јас давам поддршка на кое било прашање“, додаде првиот човек на ЦУК.

 

23.09.2022 - 19:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега