Стојанче Ангелов: Ме утепаа, но останав жив

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов вчера испрати порака преку социјалните мрежи.

Ангелов се потсети на војната во 2001 година, односно битката за Арачиново.

„Ме утепаа но останав жив. Продолжија со пукање да ме дотепаат но пак останав жив. На денешен ден во 2001-та во битката за Арачиново Со прострелна рана во градите, со разнесен бел дроб, речиси без крв но сепак жив. Сакајте го животот и здравјето секогаш. Еден ден ќе ги снема. Можеби тогаш кога најмалку очекувате“, напиша Ангелов.

24.06.2022 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега