Стоилковски: Петровска сама го нарачала извештајот за психичката состојба, доколку е вистинит треба да си поднесе оставка или да биде разрешена

 

Славјанка Петровска сама се донесе во ситуација да се дебатира за нејзината способност да го води министерството за одбрана. Извештајот за психичката состојба на Петровска во кој се наведени нејзината опседнатост, инхибиција и третманот со седативи, сама го нарачала и пуштила во правниот систем и доколку е во целост вистинит треба да резултира со нејзина оставка и одземање на нејзиниот безбедносен сертификат, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој потенцира дека доколку Петровска извршила влијание користејќи ја својата позиција врз лекарот специјалист да се напише извештај кој што ги преувеличува нејзините симптоми, само за да добие отштета на суд треба да си даде оставка од морални причини.

– Тргнуваме од претпоставката дека И=извештајот кој Петровска го нарачала е вистинит, бидејќи самата го доставила до пратеникот кого го тужи а суд, и оттука ја повикуваме Комисијата веднаш да и го одземе безбедносниот сертификат. Имено согласно Член 4 точка 13 од Уредбата за безбедност на лицата корисници на класифицирани информации стои дека лице кое страдало или страда од каква било болест или ментална или емоционална состојба која може да предизвика значителни недостатоци во неговото расудување или доверливост или може да го направи лицето, ненамерно, потенцијален безбедносен ризик, што се утврдува врз основа на медицинска документација е пречка за издавање на безбедносен сертификат, рече тој.

Стоилковски додаде дека Петровска според извештајот кој сама го нарачала и пуштила во правен промет страда и страдала од нарушена емоционална и ментална состојба, и затоа мора да и биде одземен сертификатот.

– Дополнително го повикуваме Ковачевски, да не чека, и да ја разреши Петровска, која во извештајот која самата го нарачала е опишана како личност која не може да ги извршува непречено своите работни обврски, која е нервозна, збунета, конфузна, нема волја, која чувствува бесцелност во работата и редица други дијагнози, кои што алудираат дека Петровска не е во целосна способност за извршување на своите работни задачи, изјави Стоилковски.

30.03.2023 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега