Стоилковски: Дали Филев, директор на СДС од Радовиш, е трговец со дрога, според полицискиот билтен?


Врските на СДС со наркомафијата се многу подлабоки отколку што се обидува СДС да избега од одговори. Веројатно, ќе бега и од одговор дали активистот на СДС од Радовиш, директор на меѓуопштинскиот Центар за социјални работи, пред 10 дена во Штип е фатен и приведен од полиција за недозволена трговија со дрога и оружје?, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Според полицискиот билтен, на 17 февруари полицијата во Штип го привела 36-годишниот А. Ф. поради дрога и најавува соодветен поднесок. Дали зад иницијалите А. Ф. е Александар Филев, директорот од СДС на меѓуопштинскиот Центар за социјални работи – Радовиш? Дали е тоа Александар Филев од СДС Радовиш, учесник и поддржувач на партиските активности на СДС? Дали и случајот регистриран во полициски билтен е таква активност?“, прашува Стоилковски.

Како што додава, СДС ја претвори Македонија во мафијашка територија.

„СДС со Оливер Спасовски предолго ја ставаа полицијата во служба на мафијата, а Македонија ја претворија во поле за неказнети мафијашки пресметки. Никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме и да си ја вратиме државата“, истакна Стоилковски.

28.02.2024 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа