Close Menu
Press24
    Најново

    Тејлор Свифт на седмо место меѓу најбогатите славни личности

    13.03.2026 во 19:54

    Во Македонија денеска измерени рекордни 20 степени

    13.03.2026 во 19:30

    Се подготвуваат итни законски измени за подобрување на системот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство

    13.03.2026 во 19:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тејлор Свифт на седмо место меѓу најбогатите славни личности
    • Во Македонија денеска измерени рекордни 20 степени
    • Се подготвуваат итни законски измени за подобрување на системот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство
    • Само за 24 часа: Шест пријави за семејно насилство
    • Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени
    • Трамп со личен напад врз Мојтаба Хамнеи: „Тоа е човек кого ни татко му не го сакал“
    • Зеленски незадоволен од Вашингтон: Олеснувањето на санкциите за руската нафта не помага за мирот
    • Хавана конечно потврди: Почнаа официјални преговори меѓу Куба и администрацијата на Трамп
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стоилковиќ: Во моето министерство сите што земаат плата – мора да дојдат на работа

    Стоилковиќ: Во моето министерство сите што земаат плата – мора да дојдат на работа

    29.01.2026 во 20:213 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во Министерството за односи меѓу заедниците работат 2.250 работници, каде што скоро 97% од вработените се Албанци, истакна денеска вицепремиерот и министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, кој денеска одговараше на прашањата поставени од пратеникот Илир Хасани од Европскиот хронт, а се однесуваа на тоа дека со Министерство порано раководеле Албанци заради политичка еднаквост. Хасани го праша Стоиљковиќ за врските со Србија и Москва, но и за бркање од работа и поплаките за лошите услови во кои работеле вработените.

    -20 години го раководите Министерството, кое 20 години не еМминистерство, туку беше Секретаријат за спроведување на рамковниот договор, па дури последните години стана Министерство. Вие се повикавте дека тоа Министерство се грижело за еднаквоста на граѓаните. Кога ќе кажете такво нешто, а не го поткрепите со аргументи, тогаш работите стануваат сосема поинакви. Значи станува збор за Министерство со систематизација од 2.250 работници, каде што скоро 97% од вработените се Албанци. За каква еднаквост зборувате? Каде се тука припадниците на помалите етнички заедници, кои исто така се споменати во Рамковниот договор и за нив исто важи исто така принципот за правична застапеност. Претпоставувам дека ниту вие, ниту оние кои го воделе Министерството немаат одговор на ова прашање, затоа што ова не го спроведувале, вели Стоилковиќ.

    Тој посочи дека пред десетина години кога Генерален секретар на Владата бил Кирил Божиновски добил кривична пријава и седум години е по судовите, бидејќи голем дел од примение работници не оделе на работа, а примале личен доход.

    -И доколку вие сметате дека јас треба да продолжам по тој пат и тие што примаат плата, со години, а некои и со децении не оделе на работа да добијам кривична пријава и за време и дури подоцна да се плеткам по судови, мислам дека сте нашле погрешен човек, вели Стоилковиќ.

    Вицепремиерот Стоилковиќ е дециден дека тој што прима плата мора и да оди на работа. Тој додаде дека ниту еден раководител не е поместен од својата работна позиција, туку дека само еден раководител е казнет со 20% на плата, бидејќи, како што рече, му подметнувал документи. Посочи дека за видео снимките кои беа објавени, а на кои се гледа како спијат вработени во канцеларија условите за работи им биле одлични, а не како што се жалеле дека немале никакви услови. Овој заклучок го донеле надлежните инспектори, кои дошле да направат увид. Тој повтори дека нема веќе седење по дома и да се прима плата и какошто рече „ако тоа е нечовечки однос, да прифаќам“.

    Што се однесува за врските со Белград и Москва што ги има Стоилковиќ рече дека не е ништо спорно.

    -За Москва ќе ве потсетам дека мојата ќерка живее таму, а вашиот министер со Лавров беше многу голем пријател, како што се сеќавам. Така што заборавете на инсинуациите. Што се однесува до Белград ќе ве потсетам дека ја почестивте македонската држава и македонската јавност на најголемиот христијански празник Божик со Тиранска платформа, па каде вие одевте вие во Авганистан или во Тирана. Каде да одам јас, во матичната држава или некаде на трето место, рече Стоилковиќ.

    Тој повтори дека во ова министерство веќе нема играње на фудбал по канцелариите или пак спиење на работните места.

    Популарно

    Трамп дава зелено светло за руска нафта – Потег што го тресе светскиот енергетски пазар

    13.03.2026 во 08:10

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04

    Вучиќ предупредува: Се подготвува напад врз Србија

    13.03.2026 во 10:01

    Тоа место многу го сакаше – Откриено каде ќе биде погребан Кили

    13.03.2026 во 08:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.