Сто дена без коронавирус: Како Нов Зеланд ја скроти заразата што се шири низ цел свет

Во недела се навршуваат точно 100 дена откако на Нов Зеланд нема нови случаи со зараза од коронавирусот, штоо значи дека од првиот до последниот случај на заразување поминале точно 65 дена.

Ете толку му беше потребно на Нов Зеланд да го елиминира вирусот.

Како им успеа?

Секако дека во оваа земја се почитуваа трите мерки кои опфаќаа:

1.Контрола на границите за да не влезе вирусот во земјата

2. Строги мерки и ограничувања да не се шири вирусот меѓу граѓаните на Нов Зеленд

3. Голема активност и дисциплина во смисла на следење на контактите, карантинот и тесирањата.

На тој начин Нов Зеланд дојде до тоа во овој момент да има само четворица починати од коронавирус на милион жители. Австралија има 10, Германија 110, Шведска 570, а Белгија 850.

Нов Зеланд се реши на овие мерки во борба против коронавирусот кои долгорочно може да доведе до економски проблеми, но во здравствена смисла даде одлични резултати.

На коронавирусот во Нов Зеланд гледаат како на важна лекција која им покажала каде нивниот систем има слабости, но и да се размисли за основање на специјална јавна установа која ќе се бори против тешки болести.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2020 - 17:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега