Стевче Јакимовски за Мицкоски: „Лејка“

 

Градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски вечерва опозицискиот лидер Христијан Мицкоски го нарече лејка.

„Лејка! Со новиот изборен закон мора да се воведе задолжителен психијатриски преглед за "лидерите" на секоја политичка партија!
До каде отиде вечерва во додворувањето кон американците лидерот на ВМРО ДПМНЕ!
Предлага да ја примиме Украина во НАТО, да го активираме член 4 и да влеземе со војска во Украина на фронт со Русија“, пишува Јакимовски на социјалната мрежа ФБ коментирајќи ја изјавата на Мицкоски кој повика испраќање на македонската војска во Украина.
 
„Америкаците внимаваат со реториката за влегување во војна со Русија, а тој диретно ќе војувал и предлага да испратиме наша, македонска војска. Што да испраќаме војска нека оди тој како доброволец. Не е престарен има 45години.
Во кондиција е, секој ден ака по Водно, очекувам дека ќе го распределат во јуришна бригада да го форсира Дњепар зошто не може да потоне оти е многу лесен.
Лејка“, додаде Јакимовски на ФБ.

29.06.2023 - 22:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега