Стефковски: Семејството е заедница меѓу маж и жена, а не родител 1 и родител 2
Македонската православна црква (МПЦ) на 29 јуни организира протест против Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција, а по тој повод порака испрати и градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
- Семејството е заедница меѓу маж и жена, децата имаат мајка и татко, а не родител 1 и родител 2. Семејните вредности се збир на верувања, принципи и обичаи што се пренесуваат низ генерации. Семејството е основа на секое општество. Првите морални, лични и социјални вредности се учат дома преку учењето што родителите им го пренесуваат на своите деца, вели Стефковски.
Стефковски кажа дека е потребно да се застане во одбрана на вредностите кои значат иднина на нашето постоење.
- За таа цел, пред и над се како татко на две деца, а потоа и како човек кој добил доверба од граѓаните да врши општествено – одговорна позиција, градоначалник на општина Гази Баба давам поддршка на повикот на Македонската Православна Црква – Охридска Архепископија за оддржување на сенароден собир кој ќе се оддржи на 29.06.2023 година (четврток) со почеток во 18:00 часот пред Соборниот храм Св. Климент Охридски против донесување на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција, објави Стефковски на фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа