Стефковски: Повисоки плати за 2800 денари за вработените во општина Гази Баба
Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски на својот фејсбук профил објави дека заедно со претставници на синдикалната организација на таа општина потпишале измени на Колективниот договор.
Со колективниот договор се врши линеарно зголемување на платите на вработените во општинската администрација за 2800 денари.
– Високата инфлација, ценовниот шок и општото зголемување на животната потрошувачка беше она што ме водеше при донесување на одлуката за зголемување на платите. Покрај ова верувам дека со оваа мерка дополнително ќе се мотивираат вработените во администрацијата кои изминатите месеци посветено работат на реализација на проектите, напиша Стефковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа