Стефковски на терен со Црвен крст: Граѓанинот пред се

 

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со волонтери од општинската организација на Црвениот крст Гази Баба денес на терен низ Ченто ја започнаа акцијата за делење на флаширана вода по повод високите температури.

За настанот, градоначалникот Стефковски информираше со објава на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Граѓанинот пред се!

Заедно со волонтерите на општинската организација на Црвениот крст Гази Баба поделивме флаширана вода на граѓаните низ Ченто.

Апелирам до сите граѓани да ги почитуваат советите од здравствените работници за заштита од високите температури.

Општина Гази Баба како одговорна локална самоуправа оваа акција ќе ја продолжи и во следниот период на други локации низ општината. – напиша Стефковски.

09.07.2024 - 13:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега