Стефковски на средба со турскиот амбасадор: Сочувствуваме со турскиот народ

Денес, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски имаше средба со Амбасадорот на Турција во Република Македонија Н.Е Хасан Мехмет Секизќок.

За средбата градоначалникот Стефковски објави на својата страна на фејсбук на која напиша:

„Средба со Амбасадорот на Република Турција Н.Е Хасан Мехмет Секизќок. Попладнево имав средба со Амбасадорот на Република Турција во Република Македонија Н.Е Хасан Мехмет Секизќок. На средбата изразив сочувство во мое име и во името на граѓаните на општина Гази Баба до турскиот народ и турската држава за големиот број на загинати, повредени и големата материјална штета која настана како последица на траорниот земјотрес кој ја погоди Турција. Дополнително на Амбасадорот Н.Е Хасан Мехмет Секизќок му понудивме и други форми на помош кои општина Гази Баба може да ги понуди на турската држава. Општина Гази Баба негува пријателски однос со турскиот народ и тоа ќе продолжи така и во иднина. По средбата со Амбасадорот во резиденцијата, ја посетив Амбасадата на Турција каде што се потпишав во отворената книга на жалост." - напиша Стефковски.

 

09.02.2023 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа