Четирикатна станбена зграда во атинската населба Петралона се урна денес, а спасувачите пронајдоа четири лица заробени во урнатините, но продолжуваат да ја пребаруваат областа.

Четири лица заробени во урнатините се лоцирани и се безбедни, но операцијата за пребарување продолжува, објавува Ројтерс.

Има испратени кучиња за да се бараат можни дополнителни жртви од уривањето на зградата.

Причината за уривањето на зградата, во која имало седум стана, сè уште не е позната.

Според противпожарната бригада, во тек се градежни работи во соседната зграда.

Exit mobile version