Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска денес изврши увид во градежните активности за уредување на речното корито на Мала Рада, каде во напредна фаза се изградбата на потпорните ѕидови и уредувањето на самото корито.
Проектот се реализира со средства обезбедени од Владата на Република Македонија, преку програмата за капитални инвестиции финансирани од унгарскиот кредит, за кој Општина Кисела Вода аплицираше и доби одобрување во рамки на поддршката за општински проекти.Реката Мала Рада се протега долж целото село Драчево, пред нејзиното влевање во реката Вардар, во должина од околу 2,5 километри. Рехабилитацијата на бетонските профили и санацијата на потпорните косини ќе овозможат поголема пропусност на водотокот и значително ќе го намалат ризикот од поплави, особено во зимскиот и пролетниот период.
Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска истакна дека Општина Кисела Вода останува посветена на континуитетот во реализацијата на капитални проекти кои создаваат подобри услови за живот на граѓаните: -Како локална самоуправа остануваме фокусирани на конкретни и видливи резултати. Континуитетот во реализацијата на вакви капитални зафати е од исклучително значење, затоа што тие директно го подобруваат квалитетот на живот, ја зголемуваат безбедноста и ја уредуваат општината на начин што ја прави поубава и пофункционална. Веќе започнавме со реализација на една сериозна програма со бројни инфраструктурни и развојни проекти кои ќе ги опфатат сите населби и населени места, со јасна цел : стабилен, уреден и модерен развој на Кисела Вода-изјави градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска.
- Насилство во охридски дом: Свекор и свекрва физички ја нападнале снаата
- Избувна пожар во возот кој сообраќал кон Куманово – Откажани сите возни линии за Битола
- Скандал во скопско училиште: Наставник сексуално вознемирувал ученичка
- Ненад Савевски е новиот државен јавен обвинител
- По Дубаи, утре следи евакуација и од Ријад: Патниците ќе слетаат во Приштина, па со организиран превоз до Скопје
- МНР со масовна евакуација од Дубаи: 150 патници вечерва слетуваат во Скопје, меѓу нив и државјани на соседите
- Царинската управа и Управниот суд воспоставуваат електронска размена на документи
- Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, без бариери и со неограничен интернет


