Close Menu
Press24
    Најново

    Министерот за правда со поинаква честитка за 8 Март – го сподели говорот на претседателката Сиљановска-Давкова

    08.03.2026 во 18:01

    Лидерите на Франција, Кипар и Грција на итен состанок во Пафос

    08.03.2026 во 15:53

    Жена почина во возило на Брза помош додека ја пренесувале во болница

    08.03.2026 во 15:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Министерот за правда со поинаква честитка за 8 Март – го сподели говорот на претседателката Сиљановска-Давкова
    • Лидерите на Франција, Кипар и Грција на итен состанок во Пафос
    • Жена почина во возило на Брза помош додека ја пренесувале во болница
    • Претрес по наредба на суд: Оружје и куршуми пронајдени во дом во Брвеница
    • Весна Бендевска: Црвениот аларм е вклучен – потребни се итни мерки против семејното насилство
    • Панче Тошковски: Честит 8 Март – денот на жената
    • Швајцарците денеска гласаат на референдум за четири клучни прашања
    • Пешевска со порака за 8 март: Создаваме општество во кое секоја жена ќе живее без страв
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ССНМ и „Еднаква“:  Новинарките сепак известуваат, не можете да ги замолчите

    ССНМ и „Еднаква“:  Новинарките сепак известуваат, не можете да ги замолчите

    08.03.2026 во 11:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    ССНМ и Женската медиумска мрежа „Еднаква“ по повод Меѓународниот ден на жената ја истакнуваат улогата на новинарките во одбраната на јавниот интерес и потребата од поголема родова еднаквост во медиумската индустрија. Тие се приклучуваат на меѓународната кампања „Тие сепак известуваат, не можете да ги замолчите“, повикувајќи на поддршка и заштита на жените во медиумите.

    На Меѓународниот ден на жената, кога ја истакнуваме посветеноста на жените во сите сфери на општеството, ние од ССНМ и Женската медиумска мрежа „Еднаква“ ја потенцираме улогата на жените во медиумите со акцент на потребата од родова еднаквост која сè уште е актуелна.

    Новинарките и сите работнички во медиумската индустрија во Македонија се приклучуваат на кампањата на Меѓународната федерација на новинари под мотото „Тие сепак известуваат, не можете да ги замолчите“ со која на колешките им се порачува дека нивната улога е круцијална. Низ целиот свет, па и овде, жените во медиумите одбиваат да бидат замолчени и продолжуваат да известуваат за вистината одговорно и во јавен интерес, а ние го славиме нивниот придонес.

    На овој ден застануваме во заштита на најхрабрите, најодговорните, правдољубивите жени. Ја потенцираме важноста на новинарките, на снимателките, монтажерките, лекторките и сите кои се дел од медиумската гранка. Оние кои продолжуваат да ја известуваат јавноста и покрај заканите, притисоците, навредите и заплашувањата.

    Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), Женската медиумска мрежа „Еднаква“ и Меѓународната федерација на новинарите бараат правда за сите свои колешки кои биле цел на притисоци, закани, навреди и напади, само затоа што си ја работеле својата работа. Затоа, на овој датум ги славиме новинарките кои ги посветуваат своите животи на борба против неказнивоста, повикување на одговорност на властите и стремежот кон целосно отворено и информирано општество.

    Денес, кога сме сведоци на сѐ поголемо насилство врз жените кои остануваат без институционална заштита, ССНМ и „Еднаква“ ги повикуваат сите свои членки и приврзанички да се приклучат на Осмомартовскиот протест, кој ќе се одржи во недела, 8 март, во 12.00 часот во Скопје, во паркот „Жена-борец“.

    Популарно

    Дневен хороскоп: Еден знак ќе доживее голема промена

    07.03.2026 во 11:53

    Базен, спортски сали и нови амфитеатри: Скопје добива модерен академски комплекс на 31.000 м²

    07.03.2026 во 14:15

    Ќе нема струја до 16 часот – Исклучувања во две скопски населби

    06.03.2026 во 08:00

    Шукова најави протестен марш: Бара оставка од министерот Тошковски

    07.03.2026 во 11:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.