Close Menu
Press24
    Најново

    Седница на Државната комисија за спречување на корупцијата

    17.02.2026 во 08:15

    ССМ денеска ја блокира Владата – Се бара зголемување на минималната плата

    17.02.2026 во 08:14

    Снег низ Македонија – Забрани на повеќе патишта

    17.02.2026 во 08:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Седница на Државната комисија за спречување на корупцијата
    • ССМ денеска ја блокира Владата – Се бара зголемување на минималната плата
    • Снег низ Македонија – Забрани на повеќе патишта
    • Опасност од нови поплави – Поројни дождови низ Македонија, грмежи и ветер
    • Менаџер на продавница во трговски центар во Чаир кривично ќе се гони, се збогатил за над два милиони денари
    • Пет хороскопски знаци кои ќе имаат најголема среќа оваа недела
    • Зеленски со црни прогнози: Русија спрема „енергетски пекол“ за Украина
    • Фетаи: Секој во Вреди да добие четвртина
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ССМ денеска ја блокира Владата – Се бара зголемување на минималната плата

    ССМ денеска ја блокира Владата – Се бара зголемување на минималната плата

    17.02.2026 во 08:14Updated:17.02.2026 во 08:16
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Сојузот на синдикати денеска со блолада на пристапите кон Владата ќе бара зголемување на минималната плата, откако минатата недела беа блокирани Собранието и Стопанската комора. 

    ССМ бара зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите други плати за 100 евра.

    Блокадата, како што појаснуваат од ССМ, е поради тоа што Владата и работодавачите не се договориле за зголемување на платите на работниците и затоа што минатата година Владата не го прифатила предлогот за субвенционирање на дел од придонесите. 

    Со по 21 човек, колку што налага Законот за јавни собири, ќе бидат блокирани влезовите на Владата која денеска треба да одржи редовна седница.

    – Последната блокада пред Владата е токму поради тоа што ги блокира работничките плати долг временски период за кој вредноста на синдикалната минимална кошница е зголемена за 9.250 денари или едно четиричлено семејство е посиромашно за 9.250 денари. Падна и последниот аргумент на владините претставници кои заедно со газдите го зборуваат континуирано овој период, а тоа е дека македонските работници не биле продуктивни. Македонските работници се премногу продуктивни за платите кои ги примаат или само 17 проценти од она што го создаваат како капитал на работодавачите се слева во платите на работниците или како пример 24.379 денари изнесува минималната плата месечно за еден работник, а 290.000 денари е продуктивноста која ја создава работникот за работодавачот, изјави вчера претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

    Доколку не наидат на разбирање, следи и генерален штрајк, кој според информациите, ќе биде 24-часовен. 

    Популарно

    Пресврт во истрагата за запалениот „Брабус“: Инспектори во домот на Бака Прасе, јутјуберот посочил осомничени

    16.02.2026 во 16:58

    Над 60 дoмаќинства без покрив над глава по излевањето на Зајаска Река во Кичево

    16.02.2026 во 20:51

    Зеленски со црни прогнози: Русија спрема „енергетски пекол“ за Украина

    16.02.2026 во 22:46

    Помор на риби во Дунав: Со багери се вадат мртви крапови и сомови од 2,4 метри

    16.02.2026 во 16:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.