ССМ: Бектеши и група пратеници сакаат да ги уназадат работничките права – ќе направиме сѐ недела да остане неработен ден
Сојузот на синдикати е загрижен дека група пратеници и министерот за економија Крешник Бектеши до Собранието ќе поднесат предлог Закон со кој работниците ќе го загубат правото на недела неработен ден.
Од Синдикатот велат дека со самото доставување до Собранието се крши социјалниот дијалот и претставува потценување на претставниците на работниците.
-Притоа, потсетуваме дека со законските измени, Сојузот на синдикатите на Македонија и социјалните партнери обезбедија можност неопходните дејности кои нагласуваме дека заеднички ги утврдивме во исклучоците да имаат можност да работат во недела но за тоа да платат додаток на плата за најмалку 50 до 100%. Сметеме дека ваквите чекори го уназадуваат социјалниот дијалог во Државата и го миноризираат Економско социјалниот совет и договорите помеѓу работниците, работодавачите и Владата и на таквиот начин го оневозможуваат правото на најзасегнатите страни да учествуваат во социјалниот дијалог преку кој во изминатиот период се донесоа многу значајни решенија за сите, велат од ССМ.
Синдикатот бара итна средба на Економмско-социјалниот совет и таму единствена точка да биде разгледување на ова прашање.
-Не смее да се дозволи за овие важни прашања да се елиминираат ставовите и улогата на социјалните партнери, што ќе значи и немање на Социјален дијалог во Државата што не е од интерес на ниту една страна или чинител во општеството. Поради се ова наведено и едностраното пристапување кон овие значајни прашања за работниците задолжителна е реакција од членовите на ЕСС и Економско социјалниот совет, а во спротивно ќе бидеме приморани да сметаме дека и членови на Владата се вклучени во подготовка на предлог текстови на Законот за работните односи и Законот за трговија за уназадување на работничките права и дека свесно не ги почитуваат претставниците на работниците и работодавачите и се прави голем преседан по основ на кршење на работничките права кои веќе се од големо значење на работните.
Бараме итна средба на Економско социјалниот совет на која како единствена точка ќе се разгледува ова важно прашање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа