Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ уапсен на границата меѓу Србија и Хрватска
Актерот Сергеј Трифуновиќ е уапсен на граничниот премин Бајаково додека преминувал од Србија во Хрватска, пишува „Слободна Далмација“.
Тој беше уапсен околу полноќ, а во текот на денот ќе биде изведен во Општинскиот суд за прекршоци во Сплит, каде што го чека ново судење.
Споменатиот медиум пишува дека Трифуновиќ очигледно не го вратил долгот кон Хрватска откако беше уапсен за своето куче во септември минатата година во Сплит.
Граѓаните потоа го пријавиле бидејќи на плажата „Каштелет“ го чувал своето куче без надзор, што вознемирило неколкумина присутни.
По апсењето на актерот на граничниот премин, се огласи неговата сопруга Исидора Мијановиќ, која тврди дека Сергеј бил физички малтретиран.
„Синоќа околу полноќ мојот сопруг е приведен на граничниот премин Бајаково по истекувањето на забраната за влез на територијата на ЕУ, без никакво објаснување, со големи непријатности, на кои бев сведок, вклучително и физички напад на граничните полицајци. Го однесоа во непознат правец. Повеќе од 9 часа немам информации за тоа каде се наоѓа, ниту која е причината за приведувањето“, напиша Исидора на „Инстаграм“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа