Српски „Курир“: Како хеликоптерите Ми-24 ја спасија Македонија во 2001 година

Српскиот весник „Курир“, пишувајќи за најавеното засилување за военото воздухопловсво на Србија со 30 нови хеликоптери наредната година, во опширно напишаниот текст голем дел се посветува на улогата на Ми-24В во одбрана на Македонија од ОНА во воениот конфликт во 2001 година.

„Во средината на февруари 2001 година терористичката организација Ослободителна национална армија (ОНА) почна да ги окупира албанските села по должината на границата со Косово и Метохија и на југот од централна Србија. Околу 50 албански терористи се собраа во селото Танушевци, на кои им се приклучија 250 терористи од југот на централна Србија, поточно од подрачјето на Прешево. На 15 март ОНА ги нападна безбедносните сили во предградието на Тетово, на кои им се придружија околу 1.000 Албанци од западна Македонија. Следуваше жесток судир, кој ги затекна македонските безбедносни сили неподготвени и слабо вооружени. Посебно недостигаше поддршка од воздух, а постојните транспортни хеликоптери беа недоволни. Затоа, беше одлучено да се набават борбени хеликоптери Ми-24В од проверените трговци со оружје Украинците“, пишува српски „Курир“.

„Првите два хеликоптера Ми-24В долетаа директно од украинскиот контингент на КФОР, кои веднаш беа вклопени во вооружувањето на новата 201. противоклопна хеликоптерска ескадрила. Во првите недели од војната во хеликоптерите летаа мешани украинско-македонски екипажи. Со доаѓањето на првите офицери и техничари обучени во Украина, пристигнуваат уште четири хеликоптери. Поради брзината на воведувањето, овие хеликоптери не беа обоени, туку ги задржаа постојните маскирни шеми на кои беа исцртани македонски ознаки и додадени македонски сериски броеви од 201 до 212 (ВАМ 201-212). Два хеликоптера со ознаки 211 и 212 беа верзии Ми-24К специјализирани за извидување и корекција на артилерискиот оган. Хеликоптерите, и покрај честите обиди за соборување и големиот број часови на летање, ја ‘преживеаја’ војната без никакви загуби, а беа користени со голема ефикасност и прецизност“, се додава во текстот.

17.12.2021 - 18:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега