Close Menu
    Најново

    Хороскопски знаци кои ја кријат својата тага

    15.12.2025 во 23:46

    Филипче: Опозициски партии бараат соединување со СДСМ

    15.12.2025 во 23:22

    Петкоска: СДСМ и Филипче не ги читаат пораките од граѓаните и измислуваат теми како мигранти

    15.12.2025 во 23:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Хороскопски знаци кои ја кријат својата тага
    • Филипче: Опозициски партии бараат соединување со СДСМ
    • Петкоска: СДСМ и Филипче не ги читаат пораките од граѓаните и измислуваат теми како мигранти
    • Делови од Скопје утре без струја
    • Дел од пензионерите ќе добијат по 6.000 денари за празниците
    • Филипче: Мигранти за пари е предавството и продажбата на националните интереси
    • Нормализиран сообраќајот на Богородица
    • Филипче: СДСМ избира нов тим, нова сила – нова енергија
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Српската пејачка за „Пулс”: Мислевме дека сме ја згрешиле адресата кога видовме како изгледа

    Српската пејачка за „Пулс”: Мислевме дека сме ја згрешиле адресата кога видовме како изгледа

    27.03.2025 во 13:01
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    рагедијата која се случи во дискотеката “Пулс” во Кочани, каде загинаа 59 лица, а околу 200 се повредени и се лекуваат во земјава, регионот и странство, ја потресе цела Македонија и Балканот. Српската пејачка Марија Микиќ откри дека е потресена по трагедијата во која за жал заминаа многу млади животи и многу семејства останаа во црно.

    Пејачката порано настапувала во дискотеката која изгоре, а во едно гостување раскажа како изгледал “Пулс”.

    – Видовме дека животот е само момент…Ми застана гласот додека зборувам за ова…Во некои весници излезе веста дека и јас настапувам, па мајка ми испаничена ме бараше да ме праша каде сум кобната ноќ. Не знаеја како се вика дискотеката, вели Марија.

    Додава дека пред една година таа имала настап во “Пулс”. – Ќе бидам потполно искрена…кога дојдовме пред клубот мислевме дека сме ја згрешиле адресата. Кога ќе влезеш внатре е друга приказна, изгледа како вселенски брод. Огромна спротивност на тоа што не дочека надвор. Публиката беше прекрасна, прекрасна енергија, што не очекував од едно мало место како Кочани. Но навистина се наежив цела, вели пејачката.

    Таа изрази и длабоко сочувство.

    – Се уште не можам да испроцесирам што се случило. Не сакав ни да гледам на Инстаграм, жално…Изразувам најдлабоко и искрено сочувство до Македонија, вели таа.

    Имала закажано настап во април во Македонија но вели бил откажан.

    – Не знам како ќе застанам таму на бина и како ќе им се обратам на луѓето, заклучи таа во емисијата “Интригантно”.

    Трагедијата во дискотеката однесе 59 животи меѓу кои и малолетници, а по пожарот беше прогласена седумдневна жалост.

    Популарно

    СДСМ: Сите нешто измислиле ама Мицкоски не сака да ја потпише Резолуцијата да нема мигранти

    15.12.2025 во 20:26

    Дел од пензионерите ќе добијат по 6.000 денари за празниците

    15.12.2025 во 22:36

    Апсења на повеќе локации во Скопје: Приведени 14 лица

    14.12.2025 во 14:17

    Панова: ВМРО-ДПМНЕ со Резолуцијата става крај на манипулациите за мигрантите 

    15.12.2025 во 19:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.