Срѓан Предојевиќ и Јована Јоксимовиќ добија „шут карта“ од ТВ „Прва“- српската водителка изнервирана, експресно реагираше по отказот

Водителскиот тандем Срѓан Предојевиќ – Јована Јоксимовиќ, не се повеќе на ТВ „Прва“. Иако водителот Срѓан Предојевиќ на својот Инстаграм профил објави дека ќе ја води утринската програма со Јована Јоксимовиќ, денес, понеделник, 21 септември, тоа не беше случај. Како што пишуваат српските медиуми, тој дури и добил забрана за влез во ТВ Прва.

Сега следуваше официјалното соопштение:
Телевизијата „Прва“ реши да ја прекине соработката со Јована Јоксимовиќ и Срѓан Предојевиќ поради непочитување на работните обврски – објавено е на Инстаграм профилот „Утро на Прва“.

Имено, како што објави телевизијата „Прва“ на својата веб-страница, Филип Чукановиќ беше водител, а утрово тој со насмевка ги поздрави гледачите и објави што може да очекува милионската публика во продолжението на утринската програма на „Прва“.

Наводно Срѓан утрово дошол во зградата на ТВ „Прва“ пред почетокот на утринската програма, меѓутоа,  бил спречен да влезе во просториите на телевизијата. Како што се наведува, тој се обидел да влезе во зградата „Прва“, но не му било дозволено.

Неколку минути подоцна, очигледно видно инервирана, Јована ја сподели нивната изјава на своите Инстаграм приказни и  покрај неа саркастично додаде:

– Каква телевизија, таква и објава.

 

Судејќи според овој коментар, очигледно е дека тие не се разделиле во пријателска атмосфера и дека во јавноста ќе се појават уште многу детали во наредните денови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.09.2020 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа