Средношколец во Франција со нож уби професорка
Средношколец во градот Сен-Жан-де-Луз во близина на Бордо, на југозападот на Франција, денеска со нож уби професорка, соопштија претставници на француската Влада.
Како последица на нападот животот го загуби професорка по шпански јазик, а ученикот е уапсен.
Францускиот весник „Суд Вест“ објави дека ученикот влегол во училницата утрово додека наставничката предавала шпански и ја нападнал.
22.02.2023 - 15:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа