Средношколците бараат кратење на целиот материјал од матурата, не само на еден предмет

 

Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАС) денеска пред Министерството за образование и наука одржа протест, за што доби поддршка и од студентите.

Главно барање на средношколците е скратување на материјалот предвиден за полагање на државната матура. Се жалат дека им било најавено кратење на материјалот, но дека немале увид во истиот.

„ Поминавме низ онлајн настава, дојави за бомби, поминавме низ штрајкови на професори кои што ги поддржавме и штрајкови на вработените на јсп што го отежна доаѓањето на учениците на училиште. Сето тоа ќе влијае на полагањето на државната матура…ние сме оштететна генерација“ рече Алисија Угриновска.

Предлогот за укинување на интерен предмет, како што велат е само алтернатива, доколку не им биде прифатено главното барање за кратење на целиот материјал.

Тие ги доставиле своите барања до МОН, а имаат најава за средба со министерот Шакири во 13 часот.

Студентите со поддршка за средношколците, но и со свои барања.

„ Целта на овој протест е немањето слух на владата за нашите проблеми. Бараме зголемување на субвенционираниот студентски оброк и почитување на роковите на исплата на оброкот и стипендиите, бараме подобрување на условите во студентските домови кои се катастрофални…“ рече Теодора Наумовска.

Тие рекоа дека не се почитуваат рокотвите за исплата и дека стипендиите доцнеле шест месеци, а оброците по месец дена.

Бараат субвенционираниот оброк да изнесува 160 денари.

17.03.2023 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега