Средношколци од СОУ „Васил Антевски – Дрен“ од Скопје денес ќе го посетат Собранието на Република Северна Македонија во рамки на едукативната активност „Имам став!“, организирана од Парламентарниот институт.

„Имам став!“ е активност наменета за ученици од средните училишта во државата и претставува симулација на процесот на разгледување предлог-закон во Собранието.

Целта на оваа активност е да се доближи работата на Собранието и процесот на донесување закони до младите, со што се придонесува за развивање на нивната свест за демократијата, како и за поттикнување и подготовка за општествена и политичка критичност и активна вклученост, соопшти собраниската прес-служба.

Exit mobile version