Средба Трамп-Зеленски: Ако победам, ќе го решам конфликтот пред инаугурацијата
Американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп се сретна со украинскиот лидер Володимир Зеленски во Њујорк и рече дека доколку победи на претседателските избори, ќе се обиде да најде „добро“ решение за украинскиот конфликт за двете страни дури и пред инаугурацијата на 20 јануари.
„Мислам дека, ако победиме, пред 20 јануари, кога и официјално ќе станам претседател, ќе најдам добро решение за двете страни. Дојде време“, рече Трамп на самиот почеток на состанокот, кој беше отворен за медиумите.
Тој рече и дека во случај да победи на изборите е подготвен да соработува со демократите за да се реши украинската криза, пишуваат медиумите во регионот.
Инаку, Трамп се согласи да се сретне со Зеленски откако украинскиот претседател му испрати писмо во кое изрази желба за средба.
Според медиумите Трамп претходно го критикуваше Зеленски за време на неговите говори на неговите митинзи, нарекувајќи го „трговец“, бидејќи секоја посета на украинскиот претседател на Америка завршуваше со повеќемилионската помош на Вашингтон за Киев, пренесува Танјуг
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа