Close Menu
Press24
    Најново

    Дипломатски пресврт: Трамп тврди дека САД и Иран ги усогласиле клучните ставови

    23.03.2026 во 17:34

    Примена на намалена стапка на ДДВ за горива од 18% на 10% – задолжително усогласување на фискалните системи

    23.03.2026 во 17:17

    Муцунски на средбата со Кос: Владата целосно посветена на напредок во интегративниот процес

    23.03.2026 во 17:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дипломатски пресврт: Трамп тврди дека САД и Иран ги усогласиле клучните ставови
    • Примена на намалена стапка на ДДВ за горива од 18% на 10% – задолжително усогласување на фискалните системи
    • Муцунски на средбата со Кос: Владата целосно посветена на напредок во интегративниот процес
    • Фудбалски тренер од Куманово претепан среде натпревар – го нападнале татко и син
    • Министерот Алиу на средба со Националната алијанса за ретки болести – со тригодишниот модел на набавка до поодржлив систем за лекови за ретки болести
    • Скандал во регионот: Жив пациент прогласен за мртов
    • СДСМ: Се потврди дека мерката на Мицкоски нема ефект- дизелот поскапе и достигна 95,5 денари
    • Муцунски се сретна со еврокомесарката за проширување, Марта Кос: Владата е целосно мобилизирана за ЕУ реформите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Средба Сали – Палминтери: Италија останува силен поддржувач на македонските евроинтеграции и реформи

    Средба Сали – Палминтери: Италија останува силен поддржувач на македонските евроинтеграции и реформи

    09.02.2026 во 16:281 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерот за европски прашања и прв заменик-претседател на Владата, Беким Сали, оствари средба со амбасадорот на Италија, Паоло Палминтери.

    На средбата беше разговарано за напредокот на Северна Македонија во процесот на европска интеграција и за приоритетите поврзани со Реформската агенда и пристапниот процес. Министерот Сали ја истакна посветеноста на Владата на испорака на конкретни резултати, со посебен фокус на владеењето на правото, јакнењето на институционалните капацитети и подобрувањето на апсорпцијата на европските фондови.

    Соговорниците разменија мислења за можностите за соработка преку европските инструменти, особено во рамки на Твининг и ТАЕКС програмите, како и преку регионалните и транснационалните програми во кои учествува Северна Македонија.

    Министерот Сали изрази благодарност за поддршката од Италија во клучни области како животната средина, енергетиката, социјалната политика и економскиот развој, како и за солидарноста и помошта во справувањето со поплавите во 2016 година и мигрантската криза.

    Тој нагласи дека Министерството за европски прашања останува посветено на продлабочување на соработката со Италија, особено во областите поврзани со реформите и европската интеграција на земјата.

    Популарно

    Дипломатски пресврт: Трамп тврди дека САД и Иран ги усогласиле клучните ставови

    23.03.2026 во 17:34

    Примена на намалена стапка на ДДВ за горива од 18% на 10% – задолжително усогласување на фискалните системи

    23.03.2026 во 17:17

    Муцунски на средбата со Кос: Владата целосно посветена на напредок во интегративниот процес

    23.03.2026 во 17:06

    Фудбалски тренер од Куманово претепан среде натпревар – го нападнале татко и син

    23.03.2026 во 16:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.