Средба Пендаровски-Фон дер Лајен: Отпочнување на пристапни преговори на Северна Македонија со ЕУ дополнително ќе го интензивира реформскиот процес

 

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лејен која престојува во посета на нашата земја, известија од неговиот Кабинет. 

„Претседателот Пендаровски изрази благодарност за оваа посета и за личниот ангажман на претседателката на Европската Комисија и посветеноста кон земјите од Западен Балкан. Соговорниците разменија мислења и информации за најновите случувања поврзани со нашата европска интеграција и констатираа дека отпочнување на пристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија дополнително ќе го интензивира реформскиот процес и ќе овозможи економски и социјален напредок“-се вели во писменото соопштение.

Како што информираат, претседателот Пендаровски ја нагласил важноста на поддршката од Европската Комисија во контекст на европската солидарност за вклучување на регионот во сите иницијативи предводени од Европската Унија, како и за ублажување на последиците од пандемијата на Ковид-19.

„Соговорниците разговараа и за актуелните случувања во регионот како и за економско-инвестицискиот план на Европската Унија за земјите од Западен Балкан“-дополнуваат надлежните.

28.09.2021 - 20:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега