Close Menu
Press24
    Најново

    Крвава ноќ во Скопје: Тепачки со кундаци, нападнати малолетници и полицајци

    22.03.2026 во 14:36

    Апсења во Скопје: Приведени седум лица

    22.03.2026 во 14:29

    Црн ден во Македонија: Пронајдени починати три лица, две од Скопје, едно од Куманово

    22.03.2026 во 14:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Крвава ноќ во Скопје: Тепачки со кундаци, нападнати малолетници и полицајци
    • Апсења во Скопје: Приведени седум лица
    • Црн ден во Македонија: Пронајдени починати три лица, две од Скопје, едно од Куманово
    • Пронајдено уште едно тело на почината жена во двор од семејна куќа во Скопје
    • Хорор во Визбегово: Соседи му упаднале во куќата, го тепале со пиштол пред очите на малолетниот син
    • Мицкоски објасни зошто е избран моделот на намалување на ДДВ-то за горивата, наместо барањата за намалување на акцизата
    • Мицкоски најави: Цената на нафтата минимално ќе се зголеми, додека бензинот нема да претрпи промени
    • Падна одлука: ДДВ за горивата се намалува на 10%
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Средба на министерот Муцунски со претставници на „Македонија 2025“

    Средба на министерот Муцунски со претставници на „Македонија 2025“

    12.01.2026 во 14:261 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во рамки на активностите во областа на надворешната трговија и економската дипломатија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска, придружуван од директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Гоце Димовски, оствари посета на организацијата „Македонија 2025“ и одржа средба со нејзиното раководство.

    Посетата е дел од серијата работни средби што министерот Муцунски ќе ги реализира во текот на неделата со раководствата на стопанските комори и сродни организации.

    На средбата беа отворени повеќе прашања поврзани со можностите за организирање заеднички активности во делот на извозната и инвестиционата промоција на бизнис-компаниите кои се членки на „Македонија 2025“.

    Фокусот на разговорите беше ставен на можностите за организирање бизнис-форуми во рамки на официјални посети на владини делегации во странство, со посебен акцент на улогата на дијаспората. Воедно, беа разгледани и начините на кои дипломатско-конзуларните претставништва можат да дадат поддршка во организирање деловни средби за заинтересираните компании кои сакаат да ги истражат странските пазари и да отпочнат извозни активности.

    Претставниците на „Македонија 2025“ ја поздравија иницијативата за интензивирање на соработката и комуникацијата со стопанските комори, истакнувајќи дека на тој начин дополнително се зајакнува улогата на државата како поврзувач меѓу домашните компании, странските пазари и македонската дијаспора.

    Популарно

    Крвава ноќ во Скопје: Тепачки со кундаци, нападнати малолетници и полицајци

    22.03.2026 во 14:36

    Апсења во Скопје: Приведени седум лица

    22.03.2026 во 14:29

    Црн ден во Македонија: Пронајдени починати три лица, две од Скопје, едно од Куманово

    22.03.2026 во 14:24

    Пронајдено уште едно тело на почината жена во двор од семејна куќа во Скопје

    22.03.2026 во 14:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.