Close Menu
Press24
    Најново

    ДУИ: Индустриското производство паѓа – 200 милиони евра од унгарскиот кредит не се видливи

    19.03.2026 во 10:56

    Ракетиран брод во Персискиот залив: Напад во близина на катарскиот енергетски центар

    19.03.2026 во 10:53

    Самит на ЕПП во Брисел – Мицкоски разговараше со европски лидери за клучни прашања

    19.03.2026 во 10:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ДУИ: Индустриското производство паѓа – 200 милиони евра од унгарскиот кредит не се видливи
    • Ракетиран брод во Персискиот залив: Напад во близина на катарскиот енергетски центар
    • Самит на ЕПП во Брисел – Мицкоски разговараше со европски лидери за клучни прашања
    • СДСМ: Нема да не срушат – Се бориме против криминалот на ВМРО-ДПМНЕ
    • Муцунски: Отворањето на преговорите со ЕУ е нашиот главен стратешки приоритет
    • Пред нас се три дена одмор – УХМР со временска прогноза за продолжениот викенд
    • Вучиќ свика итен состанок
    • Фрлиле дрога од возилото – Акција на македонската полиција заврши со апсење
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Средба Мицкоски-Пленковиќ: Хрватска ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ

    Средба Мицкоски-Пленковиќ: Хрватска ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ

    19.03.2026 во 09:312 Mins Read
    Фејсбук, Христијан Мицкоски
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на патот кон членство во Европската Унија, порача хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по синоќешната средба со премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, во Брисел. Пленковиќ истакна дека земјата заслужува јасна ЕУ-перспектива.

    На својот налог на „Икс“, Пленковиќ објави дека со Мицкоски размениле мислења за актуелните глобални случувања, геополитичките предизвици, безбедноста на снабдувањето со енергија во Југоисточна Европа и мерките на двете влади за справување со порастот на цените на енергентите. „Мило ми е што се сретнав со премиерот на Северна Македонија во Брисел. Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ,“ напиша Пленковиќ.

    Средбата се одржа во рамки на 50-годишнината од формирањето на Европската народна партија во Брисел, каде што ќе се одржи и самит на лидери.

    За средбата се огласи и Мицкоски на Фејсбук и напиша: -Во рамки на посетата во Брисел, на маргините на Конгресот на Европската народна партија, остваривме средба со Андреј Пленковиќ.

    На средбата беше разменето мислење за актуелните предизвици во Европа, регионалната соработка и европската перспектива, со посебен акцент на унапредување на билатералните односи и партнерството во рамки на европското семејство, напиша Мицкоски.

    Мицкоски, кој е во Брисел со делегација на ВМРО-ДПМНЕ до 20 март, на својот профил на Фејсбук истакна дека на средбата биле дискутирани актуелните предизвици во Европа, регионалната соработка и европската перспектива, со посебен акцент на унапредување на билатералните односи и партнерството во рамките на европското семејство.

    Премиерот ќе присуствува на конгресот на Европската народна партија, каде што поканети се претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола.

    Top News
    Популарно

    ДУИ: Индустриското производство паѓа – 200 милиони евра од унгарскиот кредит не се видливи

    19.03.2026 во 10:56

    Ракетиран брод во Персискиот залив: Напад во близина на катарскиот енергетски центар

    19.03.2026 во 10:53

    Самит на ЕПП во Брисел – Мицкоски разговараше со европски лидери за клучни прашања

    19.03.2026 во 10:51

    СДСМ: Нема да не срушат – Се бориме против криминалот на ВМРО-ДПМНЕ

    19.03.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.