Средба Ковачевски - Мицкоски на 7. јуни

 
 
Средбата меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе се одржи на 7. јуни 2023г, во Клубот на пратеници во 11 часот. Оваа информација штотуку ја сооптија од Владата.
 
„Ве информираме дека на покана на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ќе се одржи средба меѓу премиерот Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски. 
 
Средбата е закажана за 7 јуни 2023 година (среда) во Клубот на пратеници во 11 часот.

На средбата, ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на Република Северна Македонија, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи“, се вели во соопштението на Владата испратено до медиумите.

05.06.2023 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега